Цермат Чекори Напред со Својот Патоказ за Циркуларна Економија

Како дел од нашата долгорочна соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), изработивме проценка за Мапа на патот за циркуларна економија, подготвена од VCG.AI.

Начинот на кој произведуваме е важен исто колку и самиот производ.

Како што продолжуваме да растеме, сè повеќе внимание им посветуваме на ресурсите кој стојат зад нашето производство: енергијата и водата кои ги користеме, материјалите од кои ги создаваме нашите амбалажи, како и тоа што се случува со ресурсите откако ќе завршат со својата намена.

Како дел од нашата долгорочна соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), изработивме проценка за Мапа на патот за циркуларна економија, подготвена од VCG.AI. Проценката го опфаќа напредокот што веќе сме го постигнале и ги издвојува следните практични чекори за начинот на кој ги користиме ресурсите да биде полесно мерлив, потранспарентен и поефикасен.

Нашиот менаџерски тим ја усвои Мапата на патот како дел од деловната стратегија на Цермат, со што принципите на циркуларната економија добиваат свое место во начинот на кој планираме, инвестираме и растеме.

Почнуваме од она што веќе го правиме

Принципите на циркуларната економија веќе се присутни во начинот на кој го развиваме и унапредуваме нашето производство.

Континуираните инвестиции во модерно производство, обновлива електрична енергија, искористување на отпадната топлина, системи за ладење и амбалажа веќе го менуваат начинот на кој ги користиме ресурсите во нашето работење.

Проценката на VCG.AI ги разгледа овие инвестиции подетално, со фокус на тоа каде тие веќе ни помагаат поефикасно да ги користиме материјалите, енергијата и водата, но и каде постои простор за дополнителен напредок.

Заклучокот е јасен: имаме добра основа врз која можеме да продолжиме да градиме.

Мапата на патот е следниот чекор во тој процес. Таа ни дава практична рамка со која одделните инвестиции и подобрувања можеме да ги поврземе со пошироката слика за тоа како ресурсите се движат низ нашето работење.

Каде веќе се случуваат промените

Подобро користење на енергијата

Ја зголемуваме употребата на електрична енергија од обновливи извори, а паралелно воведуваме технологии за искористување на отпадната топлина и топлински пумпи, како и подобрени системи за топла вода и пареа.

Овие промени можеби не се видливи на прв поглед, но имаат значајно влијание врз начинот на кој функционира нашето производство. Подоброто управување со енергијата значи поефикасно користење на ресурсите што ги придвижуваат нашите погони и создавање поефикасни системи за иднината.

Нов поглед кон ладниот ланец

За производител на сладолед, ладењето не е споредна работа. Одржувањето на соодветната температура е суштински дел од производството и квалитетот на производот.

Нашиот нов погон вклучува систем за ладење со амонијак и опрема со променлива брзина, со што создаваме современ систем за ладење кој го одржува квалитетот на производите, а истовремено овозможува поефикасно користење на енергијата.

Ова е добар пример за тоа како принципите на циркуларната економија можат да станат дел од секојдневното производство: не како одделна иницијатива, туку како подобар начин за осмислување на системите на кои се потпираме.

Подетално за амбалажата

Амбалажата е уште една област во која веќе постигнуваме напредок.

Продолжуваме да ги следиме нејзините перформанси, но и да ги подобруваме информациите што ги собираме и ги споделуваме со нашите добавувачи. А тие информации се важни, затоа што добрите одлуки почнуваат со јасна слика за она со што располагаме.

Подобрата соработка со добавувачите ќе ни помогне подобро да ги разбереме материјалите, да ги препознаеме можностите за подобрување и да носиме поинформирани одлуки низ целиот синџир на снабдување.

Повеќе вредност од водата и нуспроизводите

Потрошувачката на вода, процесите на чистење и нуспроизводите од производството се меѓу областите на кои сега им посветуваме поголемо внимание.

Не постои едно решение за тоа што следува. Прво треба подобро да ги разбереме процесите, да утврдиме каде можеме поефикасно да ги користиме ресурсите и да испитаме дали материјалите што излегуваат од еден дел од производството можат да имаат вредност на друго место.

Токму тука Мапата на патот станува корисна: една поширока цел ја претвора во конкретни прашања на кои можеме да работиме.

Мериме што е важно

Една од најважните работи што ги носиме понатаму е посистематскиот пристап кон мерењето.

Ако сакаме подобро да ги користиме ресурсите, треба да знаеме од каде тргнуваме, што се менува и дали тие промени навистина носат резултат.

Затоа работиме на поконзистентно собирање и следење податоци за клучните ресурси, со појасно дефинирани одговорности и процеси.

Тоа ќе ни помогне подобро да го разбереме влијанието на нашите инвестиции, да го следиме напредокот низ времето и полесно да одлучиме каде треба да го насочиме следниот чекор. Воедно, ќе им даде на нашите клиенти, деловни партнери и други заинтересирани страни појасна слика за работата што се одвива зад нашите производи.

Од Мапа на патот до секојдневната работа

За нас, вредноста на Мапата на патот за циркуларна економија не е во уште еден документ што ќе стои на полица.

Вредноста е во она што ќе направиме со него.

Тоа значи ресурсната ефикасност да остане дел од новите инвестиции, постојано да го подобруваме начинот на кој ги мериме и известуваме резултатите, да соработуваме поблиску со добавувачите и да користиме сигурни информации при носењето идни одлуки.

Во центарот на овој процес се три приоритети:

Одговорен раст

Принципите на ресурсна ефикасност и циркуларна економија да бидат дел и од големите инвестиции и од секојдневните одлуки.

Подобри информации

Да создадеме појасен и поконзистентен начин за следење на користењето на ресурсите и известување за напредокот.

Континуирано подобрување

Она што ќе го научиме да го користиме за подобри одлуки, подобри процеси и нови можности за поодговорно користење на ресурсите.

Гледаме и понатаму

Произведуваме сладолед, но зад секој производ стои изненадувачки сложена низа од енергија, вода, материјали, опрема и луѓе.

Колку подобро ја разбираме таа низа, толку подобро можеме да го унапредуваме начинот на кој произведуваме.

Мапата на патот за циркуларна економија ни дава појасна насока: да продолжиме врз основа на инвестициите што веќе сме ги направиле, повнимателно да го мериме нивното влијание и постојано да ја бараме следната можност нешто да направиме подобро.

За Цермат, токму тоа значи одговорен раст. Не како крајна цел, туку како навика постојано да си поставуваме подобри прашања за тоа како произведуваме, како ги користиме ресурсите и како можеме да продолжиме да се подобруваме.


Прочитај повеќе