Цермат инвестира во Ново Поглавје на Производство и Раст
Финансирањето вклучува 9,1 милиони евра од ЕБОР и 1,9 милиони евра од ГЕФ.

Растот носи нови можности, но и потреба од повеќе простор. За Цермат, тоа значи нов производствен капацитет, нов погон за производство и складирање, модерна опрема и експертиза за максимално искористување на сето тоа. Вложуваме 11 милиони евра во ова ново поглавје, со финансирање до 11 милиони евра поддржано од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ).
Финансирањето вклучува 9,1 милиони евра од ЕБОР и 1,9 милиони евра од ГЕФ. Заедно, овие средства ќе ја поддржат експанзијата и модернизацијата на нашите производствени погони, додека продолжуваме да растеме во Македонија и на меѓународните пазари каде што сме присутни.
За нас, ова е значајна инвестиција во она што вреди и претставува и природен континуитет на она што го градиме со години: бизнис за производство на храна од Битола со амбиција, искуство и капацитет да се натпреварува надвор од локалните рамки.
Повеќе простор за поголеми планови
Цермат прерасна од мал семен сон роден во Битола во еден од водечките производители на сладолед во Македонија, чии производи сега ги уживаат и потрошувачи во Обединетото Кралство и Европската Унија, со сè поголемо присуство низ Западниот Балкан.
Растот носи нови можности, но носи и нови барања. Повеќе клиенти, повеќе пазари и повеќе производи бараат производствени системи кои можат да го следат тоа темпо, без притоа да се прават компромиси со стандардите кои стојат зад нив.
Нашиот нов погон ќе ни го обезбеди тој простор. Проширениот капацитет за производство и складирање, заедно со новата опрема, ќе ни овозможат да ја зголемиме продуктивноста, да ја подобриме ефикасноста и да создадеме поцврста основа за иден раст. Исто толку важно е што ова ни дава можност да го преиспитаме начинот на кој функционира нашето работење како целина, спојувајќи ги технологијата, инфраструктурата и експертизата под една поголема визија.
Подобра опрема. Подобар систем. Подобри решенија.
Модернизацијата на еден производствен капацитет е многу повеќе од едноставна замена на едно парче опрема со друго. Тоа е можност да си поставиме подобри прашања за тоа како произведуваме, како ги користиме енергијата и ресурсите, како ги организираме нашите процеси на производство и како можеме континуирано да се подобруваме додека растеме.
Нашето партнерство со ЕБОР ни носи дополнителна експертиза во области како енергетска и ресурсна ефикасност, оперативни стандарди и релевантни сертификати. Преку програмата Blue Ribbon на ЕБОР, ќе имаме и пристап до советодавна поддршка што ќе ни помогне дополнително да ги унапредиме деловните практики и знаењето потребно за следната фаза од нашиот развој.
Во овај начин на размислување свое место имаат и принципите на циркуларната економија, од начинот на кој ги користиме ресурсите и комуналиите до изборот и поставеноста на новата опрема и производствените капацитети. Целта е едноставна: да изградиме производство подготвено не само за поголем обем, туку и за подобар начин на производство.
Раст што останува близу до дома
Можеби растеме кон нови пазари, но нашите корени и понатаму остануваат цврсто во Битола. Проектот се очекува да создаде нови можности за обука и вработување во прехранбеното производство, што е особено значајно за Пелагонискиот регион во период на поширока економска транзиција.
Тоа ни е важно. Еден нов погон го сочинуваат објекти и опрема, но зад секоја компанија што расте стојат луѓето што ја движат напред. Инвестирањето во знаење, вештини и вработување значи создавање можности за луѓето да учат, да се развиваат и да ја градат својата кариера овде. Воедно, тоа значи дека растот што го остваруваме на меѓународните пазари може да продолжи да создава вредност и таму каде што започна сè: дома.
Што следува
Искуството што го стекнавме низ децении производство на храна сега го го надградуваме со нова технологија, поголем капацитет и нови начини на работа. Со оваа инвестиција, Цермат ќе има подобри услови за понатамошен развој, како и за раст на пазарите на кои веќе сме присутни и на оние кон кои допрва се шириме.
Од Битола до потрошувачите низ Европа и пошироко, продолжуваме да растеме, и да го развиваме она што го започнавме пред три децении.